На Словенија ѝ се заканува карантин – денеска рекордни 238 новозаразени


 

Словенија забележа рекорден број новозаразени во последниот дневен пресек, откако беа потврдени 238 позитивно тестирани луѓе на корона вирус.

Вкупно досега се регистрирани 6.103 лица, пренесе СТА.

Од корона вирус починаа уште две лица, а вкупно 154.

Тестирани биле 3.281 примероци. На интензивна се 15 пациенти, а 86 во болница. Активни се 1.908 случаи.

Портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин најави дека во следните денови ќе бидат воведени мерки кои се преземаат во екстремна ситуација, ако состојбата брзо не се смири.

Според него, во планот влегуваат повторното затворање за движење меѓу општини и региони, како и при првиот бран, иако премиерот Јанез Јанша тврди дека состојбата може да се контролира, но дека сите треба да се придржуваат до епидемиолошките мерки.