На сила предупредување за силни земјотреси на шпански остров, се евакуираат луѓе

Шпанските власти почнаа денеска со евакуација на лицата кои се слабо подвижни на остворот Ла Палма во Атлантикот.
Ова се прави по предупредувањето за силни земјотрески и опасност од ерупција на вулкан.
Властите наредија евакуација на жителите кои се слабо подвижни од село кое се наоѓа близу центарот на сеизмичката активност како превентивна мерка.
Денеска е забележан потрес со јачина од 3,8 степени затоа што на површината се почувствувале вибрации од сеизмичка активност.
Научниот комитет на планот за спречување ризици од вулкани наведе дека посилни земјотреси веројатно ќе се почувствувааѕ и дека може да предизвикаат штети на зградите.
На итните служби наредено им е да евакуираат 1.000 луѓе, ако биде потребно.