На Шведска ѝ се нуди помош, но таа не бара


Шведска се соочува со голем пораст на бројот на заболени од корона вирус.

Заради недостаток на медицински капацитети помош понудија соседните држави Финска и Норвешка.

Стокхолм мора формално да побара помош, за финските и норвешки медицинари да се влкучат во борбата против заразата. Здравствените власти во шведскиот главен град досега ги ангажирале сите расположливи лекари, но и воени сили, за да се изборат со епидемија, јави „Фајненшал тајмс“, пренесе „Јутарњи лист“.

„Се уште не сме примиле официјално барање за помош, но гледаме каква е ситуацијаѕа во шведските болници и подготвени сме да помогнеме“, вели главната секретарка на финското министерство за социјална заштита и здравство Кирси Вархила.

Нејзината норвешка колешка Мариа Јармин Бјерке за новинарите велат дека нордиските земји имаат спогодба за меѓусебна медицинска помош.

„Ако Шведска побара помош, ќе го исполниме барањето“, изјави таа.

Шведска во привот и вториот бран на корона вирусот имаше значително поголем број заразени од Норвешка и Финска.

Некои тоа го припишуваат на полибералниот моден на борба против пандемијата, кој не вклучуваше речиси никакви значителни рестиркции во споредба со „заклучувањата“ во остатокот од Европа.

Шведска досега забележа околу 1.400 умрени од Ковид-19 само во декември. Во Норвешка во истиот месец починаа 100, а во Финска 80 лица.

Стокхолмскиот регион извести дека тамошните болници се соочуваат со многу големи проблеми, затоа што 99 отсто од креветите на одделенијата за интензивна нега се полни, а здравствените синдикати преупредуваат дека голем број здравствени работници се откажуваат од своите договори поради растот на заразата, хоспитализациите и смртните случаи.

Само на подрачјето на метрополата отказ од почетокот на пандемијата дале околу 3.600 здравствени работници. Флуктуацијата во персонал е вообичаена, но шведските медиуми предупредуваат дека тоа се 900 откази повече од истиот период лани.

Сепак, се чини дека Шведска нема намера да бара помош од соседите. Како што рече директорката за подготвеност на шведскиот Национален одбор за здравје и благосостојба Јохана Сандвал, ситуацијата во здравството е тешка, но земјата се упте може да се избори сама.

„Голем е притисокот на единиците на интензивна нега, но ова не е акутна криза, може да ги прошириме своите капацитети“, рече членката на шведскиот Национален одбор за здравје и благосостојба Ирена Нилсон Карлсон.

Клучниот човек на стокхолмскиот регион за здравство Бјорн Ериксон оваа недела рече дека регионот има само уште еден расположлив кревет во единиците на интензивна нега.

„Тоа не може да биде цената на нашето однесување, заминувањето на пијалок по работа, божиќен шопинг, меѓусебно дружење, затоа што последиците од таквото однесување се страшни“, истакна тој.

Шведска во меѓувреме ги заостри своите препораки на национално и локално ниво, но се уште не донела јасни прописи, што е стратегија која наидува на одобрување од мнозинството анселение.

Сепак, владата на левиот центар работи на пандемиски закон кој би бил рамка за можни затворања на продавници и јавен превоз, но се верува дека тој ќе стапи на сила дури на пролет, заклучува „Фајненшал тајмс“.