На Шпанија ѝ се заканува полошо сценарио од Италија: Повеќе од 500 мртви во еден ден

Во Шпанија според последните податоци забележани се 514 нови смртни случаи во еден ден од Ковид 19. Бројот на починати е речиси 2.700.

Оваа земја, која секој ден се соочува со се поголема катастрофа, бележи вкупно речиси 40.000 случаи со корона вирус.

Поради ова, Мадрид ќе побара потполна контрола на движењето.

Полицијата ќе ги проверува потребните дозволи за одење на работа.

Шпанските војници во понеделникот најдоа напуштени постари луѓе, некои и мртви во своите кревети во старечките домови погодени со епидемијата на корона вирус, објави министерката за одбрана.

Шпанија се наоѓа во втората недела од потполно затворање, но ако во претходните 24 часа беа забележани 462 мртви, во последните 24 часа таа бројка изнесува 514 жртви.

Тоа се најголеми дневни порасти забележани до сега и се потврдува стравот на шпанските стручњаци дека Шпанија се уште се наоѓа во фаза на раст на влијанието на вирусот и дека тоа ќе потрае.

Податоците покажуваат дека на Шпанија ѝ беа потребни само три дена за двојно да се зголеми бројот на смртни случаи, кој во петокот беше околу 1.000.

Ни Кина, ни Италија – двете најтешко погодени земји од болеста – немаа ваков раст на починати.

Згора на тоа, Шпанија бележи пошироко територијално ширење на болеста во споредба со Италија.

Во двата слуачи околу 90% од првите 100 смртни случаи виде се во три региони. Во Шпанија тоа се Мадрид, Баскија Ла Риоха и Арагон., додека во Италија се Ломбардија, Емилија-Ронања и Венето.

Сепак, Во Италија повеќе од 80% од 6.000 досегашни смртни случаи се забележани во истите три региони, додека тој процент кај Шпанија падна на65 отсто и нагло порасна бројот на смртност во Каталонија, Кастиља и Леон и Кастиља и Ла Манча. Во помал обем овој пораст е регистриран и во регионот Валенсија.