На рускиот весник „Нова газета“ ќе му биде одземена лиценцата


 

„Нова газета“, еден од последните преостанати независни медиуми во Русија, е под закана откако тамошното тело за надзор на медиумите побара да му се одземе лиценцата на нејзината веб-страница и печатено издание.

„Руската агенција за цензура Роскомнадзор побара потврдата за регистрација на ‘Нова газета’ да биде прогласена за неважечка“, се вели во соопштението во четвртокот.

Соопштението беше објавено откако весникот доби две опомени за наводни прекршувања од државното тело за надзор на комуникациите.

Во четвртокот, „Нова газета“ рече дека Роскомнадзор отишол на суд барајќи да се укине медиумската лиценца на веб-страницата на весникот.

„Роскомнадзор побара од судот да ја прогласи лиценцата на печатениот медиум ‘Нова газета’ за неважечка поради тоа што редакцијата не го доставила својот уреднички статут во временската рамка утврдена со законот за медиуми“, изјави агенцијата за рускиот медиум РБЦ.

Весникот наведува дека не знае зошто сега било поднесено такво барање.

„Зошто тужбите се поднесени четири месеци по објавувањето на предупредувањата, што се смени?“ праша весникот.

„Дали е тоа политика? Што не е сега политика?“

Медиумот соопшти дека ќе се бори за своите права на суд.