На Путин му e одземен црниот појас во теквондо


Фото: АП

На рускиот претседател Владимир Путин му беше одземен почесниот црн појас во теквондо поради нападот на неговата земја врз Украина, соопшти Светската тaеквондо федерација.

Теквондо федерацијата со седиште во Сеул, повикувајќи се на своето мото „Мирот е поскапоцен од триумфот“, ја осуди воената акција на Русија во Украина, велејќи дека „бруталните напади врз невини животи“ ги нарушуваат спортските вредности на почит и толеранција, пренесува Ројтерс.

Ова следува два дена откако Меѓународната џудо федерација кажа дека го суспендира статусот на Путин како нејзин почесен претседател и амбасадор.