На протестот македонскиот јазик се брани со пароли испишани на бугарски

На протестот се појавија и лица во црни качулки, злокобно потсетување на 27 април


 

Кој знае какви сѐлуѓе и со какви интереси се собраа вечерва на протестот пред Владата.

Еден од демонстрантите носи маичка со картата на географска Македонија, во неа е испишано ВМРО, а под неа на бугарски јазик – „Презъ голгота къмъ независима Македония“ (Преку голгота до независна Македонија). Тој држи и знаме со партиските бои на ВМРО.

Кои се овие луѓе кои, како што велат, протестираат во заштита на македонскиот јазик во преговарачката рамка, а ги носат паролите за Македонија испишани на маица на бугарски јазик.

Неофицијалните организатори, или формално повикувачите на протестите – ВМРО-ДПМНЕ и Левица – треба да одговорат како поединци со пароли на бугарски јазик ја бранат Македонија и македонскиот јазик. Потоа треба да одговорат и зошто на протестот вечерва се појавија лица со црни качулки на главата, што директно потсетува на драматичните настани од 27 април 2017 година.