На попуст малиот црн фустан на Меган Маркл


САД– Меган Маркл е позната по класичниот стил, па затоа не е изненадување што еден од нејзините најиконични кралски изгледи се најде на продажба- фустанот „Џеки О.“

Меган го носеше овој добро познат фустан, со необичен изрез на деколтето, на приемот во Кралското воздухопловно друштво во центарот на Лондон, на четвртиот ден од состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот во април 2018 година, еден месец пред нејзината кралска свадба со принцот Хари.

Фустанот ја има и во светло сина, црвена, бела и во црна боја. Меган ја носеше црната верзија.

Класичниот мал црн фустан е омилен и во Холивуд. Актерката Блејк Лајвли и старлетата Ким Кардашијан го имаат овој фустан во гардероберот, а Скарлет Јохансон го носеше како Црнаta Вдовица во Iron Man 2. Обично се продава по 375 долари, но во моментов е на попуст- за 282 долари на Saks Fifth Avenue .