На претседателските избори има 48.000 неважечки ливчиња


Фото: Б. Грданоски

 

Прилично е голем бројот на неважечките ливчиња во вториот круг на претседателските избори. Според последните податоци на ДИК, на изборите гласале 859.948 граѓани. Од нив дури 48.237 на овој или на оној начин го направиле гласачкото ливче неважечко, но тоа учествува во излезноста. Во проценти тоа изнесува 5,6 отсто.

Вкупната излезност е 47,48 отсто што е помала отколку во првиот круг поради јасниот бојкот најмногу во дел од албанските средини. Гордана Сиљановска-Давкова доби 560.170 гласови (или 65,14%), а Стево Пендаровски 251.5412 (или 29,25%).