На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од ЈСП известуваат дека в недела ќе бидат дежурни билетарниците и центрите за персонализација на Транспортниот центар и на Зелен пазар, додека в понеделник дежурни ќе бидат билетарницата и Центарот за персонализација на Транспортниот центар.
Жичницата ќе функционира вообичаено во текот на викендот, сабота и недела, со работно време од 10:00 до 20:00 часот, при што од 19:00 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последното возење од врвот надолу.
Жичницата в понеделник нема да биде во функција.
Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичницата.