На повеќе од 150.000 странци во Тајланд им се заканува затвор поради истечени визи


Повеќе од 150.000 странски државјани до 26 септември мора да ги продолжат своите туристички визи, во спротивно ќе бидат обвинети за кршење на законскиот период на легален престој во Тајланд.

Ова предупредување го упати заменик претставникот на службата за имиграција на кралството.

– Ова прекршување според тајландскиот закон се казнува со затвор и со парична казна, изјави администраторот за „Банкок Пост“ и додаде дека прекршителите можат да бидат депортирани во нивните земји. Покрај тоа, странец чија виза е истечена повеќе од 90 дена има забрана за влез во Тајланд за една година.

Многу странци останаа во Тајланд кон крајот на март кога пандемијата на коронавируси ги запре меѓународните патнички летови и ги затвори границите за да спречи ширење на заразата. Поради тоа властите на земјата ја продолжија визната амнестија за туристите три пати, но последниот рок истекува на 26 септември.