На полноќ, пожарникарите спасиле неподвижна жена од куќа што горела


Илустрација

Куќа на два ката во селото Миравци ја зафати пожар синоќа по полноќ. Во куќата живеела неподвижна стара жена, а пожарникарите од Гевгелија интервенирале од 00:14 до 2:10 часот по полноќ.

Центарот за управување со кризи јавува дека на терен излегле две противпожарни возила и седум пожарникари.

 

Запалената стара куќа на два ката се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во селото Миравци.  Првиот кат од куќата бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижната стара жена.

Жената била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.