На пет се зголеми бројот на жртви од железничката сообраќајка во Германија

Спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело под остатоите од возот кој излезе од шините на југот на Германија.
Со тоа вкупниот број на загинати порасна на пет, соопшти полицијата во саботата.
Во несреќата што се случи вчера, повредени се 44 лица, објави локалната полиција на Твитер и додаде дека неки лица имаат потешки повреди, пренесе Ројтерс.
По неколку неуспешни обиди, дигалките денеска успеале да подигнат еден вагон од возот кој излета од шините.
Регионални и национални политичари го посетија местото на несреќата.
Надлежните уште ја истражуваат причината зошто возот излезе од шините во планинскиот регион северно од Гармишпартенкирхен во Баварска.