На патот Охрид-Ресен привeдени две лица со над 1,5 милиони денари


На 29.06.2022 во 22.40 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во с.Избишта, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода И.И.(32) и С.А.(32), двајцата од Неготино.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.И., а С.А. бил сопатник биле пронајдени 1.665.000 денари за кои не поседувале соодветна документација.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.