На папата Франциск не му мириса на добро, одложува настани за 2023 година


Папата Франциск одложи два големи меѓународни настани за Католичката црква поради вирусот корорнарна пандемија, соопшти вчера Ватикан.

Светската средба на семејства, што требаше да се одржи во Рим следната година е одложена  до 2022 година.

Светскиот ден на младите, кој е закажан за 2022 година во Лисабон, е одложен за 2023 година, објави Ројтерс.

И двата настани, што се одржуваат секоја година на различни места низ целиот свет, привлекуваат голем број на луѓе, траат неколку дена, а традиционално се затворени од папата.