За Мицкоски сите се виновни за поразот во ЕП, само тој не!

– Авантурата од 2022 година, пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на санираниот мост во Башино Село, Велес.
Додаде дека амандманот за бришење на македонски јазик и македонски идентитет нема да го поддржат голем број пратеници од ЕП, исто како и известувачите во сенка.
-Голем број пратеници кои се членови на Европскиот парламент се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за тој амандман, кој ќе го поднесе некој, којшто има за цел на талибански начин да се избрише од Извештајот што е на маса и за првпат од осамостојувањето на нашата земја опфаќа македонски идентитет и македонски јазик, кои досега никогаш во изминатите 35 години не се појавиле во некој извештај. Исто така, и оние кои се известувачи во сенка не верувам дека ќе го поддржат тој амандман, рече Мицкоски во одговор на прашање за очекувањата од гласањето за извештајот.
Тој изрази жалење што во 21 век во Европа има такви европратеници кои го оспоруваат идентитетот на еден малоброен народ во Европа и неговиот мајчин јазик и прават да стане предмет и камен на сопнување во Европскиот парламент, кој треба да биде лулка на демократијата во која се почитуваат човековите права.