На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води


(Фото: КФМ)

На петката „Матка“ крај Скопје, на 26 и 27 септември (петок и сабота) ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води.

Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“.

Како што информира за МИА, кајакарот и организатор на натпреварите, Љубомир Спасиќ од ККК „Арка – Борец“ – Велес, од македонските натпреварувачи, посебно внимание ќе биде насочено кон Благој Гугинов, Александар Златаров и кон него -Љубомир Спасиќ, кои се меѓу најдобро пласираните кај мажите, додека кај жените, Марија Пановска е водечка македонска претставничка која ќе се бори за висок пласман.

-Овој турнир претставува врв на светската сезона, на кој најдобрите кајакари од повеќе држави ќе се борат за титулата генерален победник на Светскиот куп. Присуството на учесници од светска класа му дава дополнителна тежина на овој настан и големо значење за афирмацијата на македонскиот спорт на меѓународната сцена. Maтка станува центар на светскиот спорт, потенцира Спасиќ. 

Натпреварите и во петок и во сабота почнуваат во 9:30 часот.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на кајакот и на спортот да дојдат во петок и сабота на Матка и да ги бодрат македонските кајакарите.