На кралот Чарлс не му пречи што Зеленски не носи одело


Претседателот на Украина Володомир Зеленски не носеше костум на состанокот со британскиот крал Чарлс и ова иако секогаш провоцира коментари,  симболиката на неговиот заштитен знак – неформалниот џемпер – се зголеми по расправијата во Овалната соба во петокот.

Доналд Трамп – кој неколку дена претходно се именуваше како крал, се чини дека има проблем со тоа, а еден конзервативен американски новинар присутен на бурниот состанок го обвини украинскиот претседател дека „не го почитува достоинството на оваа функција“.

Изгледа дека кралот Чарлс нема такви проблеми со облеката на Зеленски.Состанокот, што траел нешто помалку од еден час, доаѓа како знак на поддршка за лидерот на завојуваната  земја.