На Копаоник има 35.000 гости

Планината е преполна со луѓе, но има проблеми со струјата, снемува вода, прескапи услуги


 

Недостиг на вода, прекини на струја, жичарници кои не се во функција, високи комунални цени, преголема градба… Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат туристите, но и сопствениците на викендички на српската планина Копаоник. Во моментов на Копаоник има повеќе од 35.000 гости. Единственото нешто што е стабилно на најпознатата српска планина се цените на услугите, јавува Н1.

Меѓу гостите има многу туристи од регионов, а и за Македонците стана примамливо одредиште последниве две зими по бугарската блокада на Македонија за ЕУ и големите бројки на заразени во Банско.

Прекините на струја се секојдневие. Поради пад на напонот во електричната мрежа во вторник цел час без струја остана цел Копаоник.

Годинава и Копаоник се соочи со немање вода, па во центарот мораше да се постави цистерна. Недостигот од канализација се одрази со излевања и непријатни мириси од септичките јами.

Очигледно е дека парите не се проблем за посетителите, бидејќи и покрај високите цени, побарувачката за сместување е уште поголема. И сето тоа се случува во време кога Копаоник „преплавува“ од гости и скијачи.

Комуналната инфраструктура не можеше да ја издржи хиперизградбата на објекти. Прекумерната градба сега сега дојде да ја наплати сметката.