На кои песни типуваат обложувалниците за Евросонг 2019?


Израел- Холанѓанецот Данкан Лоренс и понатаму е главен фаворит за победник на Евровизија што се однесува до обложувањата.

Уште вчера, од четврто успеа да се пробие на второ место, според обложувањата, претставничката на Австралија Кејт Милер Хаидке, но сепак, таа и понатаму далеку од предноста на холанѓанецот Данкан.

На топ 3, останува Шведска со претставникот Џон Лудвик, а по него се швајцарецот Лука Хани и русинот Сергеј Лазарев.

Од регион на поранешна Југославија, вечерва настапуваат претставниците на Словенија и Србија, се разбира покрај нашата претставничка Тамара.

На обложувалниците, до синоќа, најдобро се пласира Невена Божовиќ од Србија која е на 16 место, по неа Тамара, на 18 место, додека словенечките претставници се на 22 место.

Секако, ова е само забава за обложувачите, зашто финалните резултати често знаат да бидат поразлични.

Вечерва, на финалната вечер Тамара ќе настапи осма и ќе ја гледаат 200 милиони гледачи од цел свет.