На „Кнез Михајлова“ во Белград фрлени чадни бомби
Централната улица „Кнез Михајлова“ во Белград, Србија во моментот е полна со чад, откако се поставени повеќе чадни бомби по должина на шеталиштето, јавува Б92.
Граѓаните по социјалните мрежи споделуваат фотографии од зачадената улица, каде ништо не се гледа, а како што наведуваат и тешко се дише. Оние кое се затекнале таму, се кријат по продавниците.
Полицијата е излезена на терен, а како што наведуваат медиумите уапсени се неколку момчиња.