На Кенијката ѝ е вратен олимпискиот медал, судиите со промена на одлуката спречија скандал (видео)
Синоќешното натпреварување на Олимпискиот стадион во Париз понуди вистинска контроверзност во женската трка на 5.000 метри, бидејќи на Кенијката Фејт Кипјегон предвреме ѝ беше одземен медалот.
За време на трката Кипјегон влезе во благо туркање со Гудаф Цегај од Етиопија, која е позната по непримерното однесување на трките и во таа прилика не ѝ дозволи на Кенијката да протрча покрај неа.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024
На крајот Кипјегон заврши на второто место, веднаш зад сонародничката Беатрис Чебет (1:28.56) со секунда и четири стотинки заостанување, а пред Холанѓанката Сифан Хасан.
Судиите потоа решија да ја дисквалификуваат Кипјегон поради споменатото туркање, но неправдата беше исправена по жалбата на Кенијката.
Faith Kipyegon has officially been awarded the silver medal in the women's 5000m after Team Kenya's successful appeal against her initial disqualification for obstruction in an incident with Ethiopia’s Gudaf Tsegay.
Kipyegon and Chebet both take home medals for Kenya 🇰🇪 pic.twitter.com/8MFPaKvB6S
— ESPN Africa (@ESPNAfrica) August 5, 2024
Сребрениот медал ѝ беше вратен и на најпрестижниот светски натпревар ѝ беше доделен медал, додека Цегај заврши на деветтото место.
За инцидентот проговори и бронзената Хасан, која се присети на неволјите со Цегај.
„Секогаш е драма со Цегај. Минатата година ме турна и секогаш влече и турка. Сочувствувам со Фејт. Не би имала ништо против ако ѝ го вратат сребрениот медал“, изјави Хасан пред на Кипјегон да ѝ биде вратен медалот.