На Катица Јанева ѝ се слоши додека Боки 13 се бранеше


На дешното рочиште за случајот „Рекет” и се слоши на обвинетата Катица Јанева, а додека обвинетиот Бојан Јовановски даваше одбрана, објави Фокус. Судијата Васка Николовска даде пауза од 15 минути.

Претходно Боки 13 истакна дека „Рекет” е направен за спас на бизнисменот Орце Камчев од случајот “Империја” и за рушење на СЈО и Катица Јанева.

Тој за екс специјалната обвинителка имаше само убави зборови, па рече дека со неа зборувал за љубовни проблеми, а не за случајот „Империја”.