На изборите во Молдавија води проевропската кандидатка претседател


Претседателката на проевропската опозициска партија Акција и солидарност, Маја Санду, води по првиот круг од претседателските избори во Молдавија.

Таа освои 35,94 проценти од гласовите, а нејзиниот главен ривал, досегашниот претседател на Молдавија со проруска ориентација, Игор Додон, освои 32,75 проценти од гласовите.

Централната изборна комисија соопшти дека објавените резултати се засноваат на 99,63 проценти од пребројаните гласови, како и оти повеќе од 33,33 проценти од запишаните гласачи излегле на гласање, што е доволно за првиот круг од изборите да биде прогласен за валиден.

Новиот претседател на Молдавија ќе биде избран во вториот круг, кој е закажан за 15 ноември.