На интернет можете да ја проверите градежната парцела во Општина Карпош


 

Општина Карпош воведе ГИС (географско информационен систем) на www.karpos.gov.mk, со што граѓаните имаат увид во фактичката состојба со ДУП-овите и градежните парцели во Карпош.

Исто така, овозможен е и детален преглед со сателитска снимка од Карпош.
Граѓаните сега можат да стигнат до бараната информација побрзо, по електронски пат, без да доаѓаат во општината.

Карпош е најтранспарентна општина во скопскиот регион по истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Сепак, продолжуваме да креираме нови алатки за граѓаните полесно да остварат свое право или да добијат услуга – велат од Општината.

На следниов линк може да проверите: https://bit.ly/31RYBBr