На Ибрахимовиќ не му пречи да се врати во Манчестер јунајтед


Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ изјави дека лесно може да игра во Премиер лигата.

– Сè уште можам лесно да играм во Премиер лигата. Ако му требам на Манчестер јунајтед, тогаш сум тука. Сепак, сега јас припаѓам на Галакси и сум фокусиран на тоа. Уживав во играњето во Европа. Освоив 33 трофеи и се надевам дека можам да освојам нешто овде. Потоа ќе видиме каде ќе ја завршам кариерата., изјави Ибрахимовиќ

Шведскиот интернационалец е избран во тимот на колото во американската МЛС лига.