На хиподромот во Маџари викендов коњички турнири од Државното првенство и куп натпревари


Во организација на клубот Илинден и Федерацијата за коњички спортови, викендов на хиподромот во Маџари ќе се одржат коњички турнири и натпревари во прескокнување пречки.

Натпреварите ќе почнуваат во 11 часот утре и в недела со Прв и Втор ноемвриски коњички турнир.

На програмата за финалното коло од Државното првенство се пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц , Д и дебитанти со висина на пречките од 1 меатр, 1,2 и 1,4 м.

Во рамките на националниот Куп се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи: А, Б, Ц и дебитанти со висина на пречките од 1,05 – 1.20/1.40m.