На ГП „Табановце“ за влез и за излез од државата се чека половина час


Фото: Б. Грданоски

На Граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.