На ГП Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час

Зголемена фреквенција на возила се бележи на граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е повеќе од еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Иако собраќајот се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.