На ГП Табановце влегле 2133 лица до 15.30 часот

Фото: Б. Грданоски

Од полноќ до 15.30 часот денеска на граничниот премин  Табановце во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски.

Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

Владата синоќа ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР-тест, не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР-тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, соопштија дека во наредните деновите ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР-тест.