На гојазноста влијае квалитетот, а не количината изедена храна
Гојазноста не мора нужно да биде резултат на внесот на преголема количина храна во организмот, покажа студијата на американски научници кои „епидемијата на дебелина“ во Америка ја припишуваат на обработени јагенихидрати, кои предизвикуваат хаос во метаболизмот.
Според мислењето на група стручњаци, на чело со Дејвид Лудвиг, ендокринолог на Харвард и во бостонската детска болница, вистинскиот проблем всушност не ер во конзумирањето преголеми количини храна.
Тие сметаат дека главни виновници за гојазноста се „модерните прехранбени навики кои се карактеризираат со претерана конзумација на храна со голем гликемиски индекс, особено обработени, брзоваречки јагленихидрати“.
Појаснија дека конзумирањето големи количини прехранбени и шеќерни јагленихидрати влијае на низа хормонални и метаболички промени, кои во организмот резултираат со складирање вишок енергија во облик на масти.
Кои намирници предизвикуваат дебелеење?
научниците тврдат дека квалитетот на храната која некој ја јаде, а не нејзината количина, влијае на тоа дали тој ќе се здебели и на крајот ќе развие обезност.
Типичен пример се пржените компирчиња, печените компири, белото тесто и оризот, житните снегулки и зашеќерените пијалоци.
„Таквиот вид намирници предизвикува хормонален одговор кој од темел го менува нашиот метаболизам, поттикнува складирање на маснотиите, добивање на тежина и гојазност“, напишаа научниците во магазинот The American Journal of Clinical Nutrition.
„За да ја разбереме епидемијата на гојазност, мора да сфатиме дека храната што ја внесуваме во организмот влијае на нашите хормони и на метаболизмот“.
Научниците признаваат дека на крај, за дебелината придонесува и денешниот седечки начин на живот и отсуството на движење и физичка вежба.
Според американскиот Центар за контрола и превензија на болести, во САД гојазни се повеќе од 40 отсто од возрасните, што значи дека се подложни на „зголемен ризик од болести на срцето, дијабетес тип два, , некои видови рак и мозочен удар.“