На Ѓоковиќ може да му биде неопходна операција


Србија– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ можеби ќе треба да оди на операција на рамото, објавија порталот „Essentially Sports“.

Сепак, првиот рекет на светот сè уште не одлучил за нејзината неопходност.

Српскиот тенисер ќе има лекарски преглед, а според резултатите ќе биде познато кои ќе бидат следните чекори.

Ѓоковиќ поради повреда на рамото, не можеше да го заврши мечот со Швајцарецот Стен Вавринка на УС Опен.