На Германија ѝ фалат повеќе од еден милион работници, најмногу среднисти

Во Германија во првиот квартал од годината останале непополнети 1,38 милион работни места, речиси 200 илјади повеќе во однос на истиот период минатата година.

Федералната агенција за вработување рече дека највисоката побарувачка останува за квалификувани работници со средното образование, објави Б92.

„Пазарот на трудот е сѐ уште деликатен. Економскиот раст може да ослабне. Бројот на слободни работни места падна на почетокот на годината, но ова е поврзано со сезонските трендови. Во споредба со претходната година, забележан е пораст на побарувачката за работници“, рече Александар Кубис од Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ), кој е поврзан со Агенцијата за вработување.

Најголемата побарувачка има во услужниот сектор, по кој следуваат градежништво и здравството.

Најголема побарувачка за работниците со средно образование, но и понатаму постои огромна побарувачка за инженери од областа на хемијата, машинството и градежниот сектор.

loading...