На ГАК се роди бебе позитивно на корона вирусот


На Клиниката на гинекологија се појави прв случај каде се родило новороденче позитивно на коронавирусот, пренесува Телма.

Бебето и мајката се во добра клиничка слика, немаат симптоми на Ковид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација.

Кај бебето сите три теста биле позитивни, додека кај мајката првиот тест бил двојбен – позитивен само на еден од двата антигена, вториот негативен, а третиот позитивен.