На финалето во Мадрид, 100.000 навивачи од Англија


Во главниот град на Шпанија се случува вистинска инвазија на англиски навивачи, од кои само една третина имаат билети за големото финале меѓу Ливерпул и Тотенхем.
Британската полиција веќе разменила информации со своите шпански колеги, а домаќините ангажирале околу 4.500 полицајци, што  е најголем број на ангажирани полицајци.
– За еден спортски настан, ова сигурно ќе биде најголемото распоредување на полицијата досега, со цел да гарантираме сигурност, изјави директорот на националната полиција Франциско Пардо.
И Британската полиција има намера да испрати свои агенти во Мадрид, а шефот на градската полиција на Лондон Ник Колин ги предупреди англиските навивачи доколку предизвикаат нереди дека ќе бидат уапсени и строго третирани од страна на шпанската полиција.