На фарма во Австралија убиени тројца, ранетиот пеш поминал долг пат да алармира


Илустрација

Полицијата во Северна Австралија трага по лице кое утрово застрелало и убило тројца на оддалечена фарма. Во пукањето тешко повредено е уште едно лице.

Полицијата на Квинсленд го огради пристапот до фармара во Богеј, додека трага по убијците, пишува Би-би-си.

„Тешко повреден маж поминал многу пат, многу километри за да ги алармира властите. Кога разговараше со нас, беше во состојба на шок. Се здобил со прострелна рана во стомакот и префрлен е во болница во градот Накај на итна операција“, соопштија од полицијата.

„Сега сме во рана фаза од истрагата. не знаеме кој е одговорен“, велат тие.

За сега жртвите не се официјално идентификувани, но полицијата смета дека се работи за роднини на ранетиот човек. Во Богеј, околу 200 км северно од Бризбен, живеат околу 200 луѓе.

Австралија има еден од најстрогите закони за оружје во светот, кој е воведен откако напаѓач во 1996 година убил 35 луѓе во Порт Артур.