На „Егзит“ уапсени 96 лица, запленети 22 килограми дрога


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека на фестивалот во Нови Сад „Егзит“ биле запленети 22 килограми дрога, а уапсени биле 96 лица.

Стефановиќ рече дека биле ангажирани голем број полицајци, но и цивили кои работат на наоѓање на секој грам дрога.

Претходно, организаторите преку соопштение истакнаа дека од основањето фестивалот „Егзит“ се залага за борба против каква било употреба на наркотици и дека ќе продолжи силно да работи на полето на превенција и свесност за неговите негативни ефекти.

Музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад завршува на 9 јули.