На докторот од Тетово може доживотно да му се одземе лиценцата


Фото: Б. Богдановска

Анестезиологот Ваљон Дервиши од Тетовската болница може да остане без лиценца за работа доживотно, но откако ќе заврши судскиот процес, потврди министерот за здравство Фатмир меџити.

Тој рече дека на докторот лиценцата му е одземена на седум годинии, а тој во моментот е во притвор осум дена.

Непотврдените тврдења дека истиот дотор знаел да дојде на работа под дејство на наркотици, стигнале и до министерот, но како што вели тој, токму така, непотврдени.

– За тоа не постои ни една забелешка, нема запис, не е поведена дисциплинска постапка досега. Затоа, кога бев таму за Велигденските празници, веднаш го отпуштив оперативниот директор, чиј отказ вчера беше ефектуиран, затоа што тоа не можев да го направам на парзничен ден. Нов оперативен директор ќе биде назначен деновиве, рече Меџити, кој денеска присуствуваше во Црвениот крст на презентација на наодите на студијата за „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на Ковид-19 и идни катастрофи“.

Меџити појасни дека соперативниот директор, не бил на работа, во времето кога анестезиологот го снимал видеото и го ставил на социјалната мрежа ТикТок.

На новинарско прашање, зошто постојат оперативни директори во болниците кога не се знае нивната работа ниту надлежност, дали ќе се укине оваа функција, Меџити вели дека тоа е законска обврска, но дека работат на промени.

Лекарот -анестезиолог, на возраст од 43 години, од тетовското село Одри, на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Министерот Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа, а случајот го пријави директорот на тетовската болница. Во меѓувреме, докторот се наоѓа во осумдневен притвор во затворот во „Шутка“.