На денешен ден 1865 година почина докторот што тврдеше дека миењето раце штити од вируси
Еден од најделотворните начини да се избегне зараза со грип или корона виурс е редовно миење раце, а човекот што го откри тоа почина на 13 август 1865 година. Американскиот центар за контрола на болести советува да се истријат рацете со сапун и вода во траење од 20 секунди. Верувале или не, овој лекарски совет бил скандалозен во 19 век.
Во Европа во 1840-тите, голем број мајки-родилки умирале од породилна треска. Покрај најдобрата медицинска нега што тогаш била достапна, жените заболувале и набрзо умирале.
Унгарскиот лекар Ингаз Семелвејс (1818-1865) сакал да дознае што се случува. Работел во Општата болница во Виена, каде постоеле две одвоени родилишта. Забележал дека стапката на смртност поради треска е далеку пониска ако бабици ги пораѓале жените, наспроти жените породени од доктори или студенти по медицина, каде стапката на смртност била двојно поголема.
Семејвејс одлучил да тестира неколку свои претпоставки. Се обидел да установи дали положбата на мајката во текот на раѓањето или чувството на срам што ги пораѓа лекар, маж, има некакво влијание на овој феномен. Помислил дека можеби во прашање е и страв од свештеникот кој ги посетува пациентите на смртна постела поради треската. На крај се покажало дека ни еден од овие фактори не е вистинскиот одговор.
Честички од лешевите
Откако сфатил што не е причина за заразата, успеал да го пронајде вистинскиот виновник. Цело време тоа биле труповите на починатите. Поточно, лекарите и студентите секое утро вршеле обдукции, а потоа во текот на денот ги посетувале мајките во родилиштето и ги пораѓале. Од друга страна, бабиците не правеле обдукција, тие работеле само во родилиштето.
Семелвејс претпоставил дека лекарите и студентите пренесуваат честички од телата на починатите на родилките. За разлика од современата пракса, лекарите во тоа време не морале да ги мијат рацете пред визита, па патогените со кои се среќавале при обдукциите просто се враќале во родилиштето.
Микробите тогаш сѐ уште биле голема непознаница, па Семелвејс ги нарекувал „распаѓачки животински органски супстанци“.
Колегите го критикувале
Откако заклучил дека жените умирале од треска по контакт со лекарите, Семелвејс во 1947 година вовел задолжително миење раце за студентите и лекарите кои работеле со него во Општата болница во Виена.
Место сапун, применил белило, затоа што го отстранува непријатниот мирис на распаднато кој останувал на рацете од лекарите. Штом персоналот во болницата почнал да ги дезинфицира медицинските инструменти и сопствените раце, стапката на смртност во родилиштето паднала.
Пролетта 1850 година Семелвејс им се обратил на колегите на собир на престижното Виенско медицинско друштво. Неговата препорака да се дезинфицираат рацете пред контакт со пациентите била нашироко одбиена под изговор дека не постојат ни научни основи ниту логично објаснување за таквото тврдење.
Историчарите сметаат дека категорично ја одбиле неговата теорија и заради тоа што, посредно, ги обвинувал за смрт на голем број пациенти, пишува „Нешнел гиографик“.
Покрај позитивните резултати, Општата болница во Виена ја напуштила праксата да се мијат раце во родилиштето.
Признание му е оддадено по смртта
Следел тежок период за Семелвејс во неговиот живот. Се преселил во Пешта, каде исто така се вработил во родилиште. И таму вовел пракса за миење раце, што донело до успех, како и во Виена. Драстично паднала смртноста на родилките. И покрај тоа, неговата замисла не наишла на одобрување, а книгата која ја напишал на таа тема колегите отворено ја критикувале.
Како што поминувало времето, здрајвето му се влошило. Постојат индиции дека страдал од сифилис или Алцхајмерова болест. Однесен е на психијатриско лечење, по што иронично, починал од инфекција на раката здобиена при операција.
Две години подоцна, шкотскиот хирург Џозеф Листер, заговара идеја за дезинфекција на рацете и на медицинските инструменти која далеку подобро поминала во општеството и стручните кругови. Иако имало и такви кои негодувале, 1870-тите почнале да ги тријат рацете со сапун пред операција.
Набрзо потоа, и работата на Семелвејс е препозната, а значително допринело и развивањето на теоријата за микробите на Луј Пастер (1863 година), која драстично го променила начинот на кој лекарите постапуваат со пациентите, како и сфаќањето за ширење на болестите.
Иако веќе до 1870-тите хирурзите почнале да ги дезинфицирраат рацете пред операција, значењето кое миењето раце го има за јавното здравје не било препознато цел век подоцна. За жал, практиките за хигиена на рацете промовирани од Семелвејс не беа широко прифатени. Во принцип, промоцијата за миење раце беше во застој повеќе од еден век. Дури во 1980-тите години, кога низа епидемии предизвикани од храна и инфекции поврзани со здравствената заштита доведоа до загриженост кај јавноста. Центарот за контрола и превенција на болести во Соединетите држави ја идентификува хигиената на рацете како важен начин за спречување на ширењето на инфекцијата. Притоа, тие ги најавија првите национално одобрени упатства за хигиена на рацете.
Универзитетот за медицина во Будимпешта го носи името на Семелвејс.