На ЦЈЗ Велес ќе биде назначен нов директор


Деновиве Центарот за јавно здравје ќе добие нов директор со оглед на пропустите кои беа детектирани во работата на оваа јавна здравствена установа.

– Ги направивме сите анализи кои се однесуваат на Центарот за јавно здравје Велес. Направиме детална анализа на извештајот, проценка на информациите кои дојдоа од повеќе страни. Утре или задутре ќе биде назначен нов директор на Центарот за јавно здравје – Велес со оглед на пропустите кои беа детектирани во работата на таа јавна здравствена установа, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.

Нагласи дека уште кога биле утврдени недостатоците, направени се прераспределби на кадарот и во пунктот за земање брисови, со цел да функционира соодветно.

Тој се заблагодари на претпријатието „Бутел“ што излезе во пресрет за намалување на цените на погребалните услуги за починатите од корона вирусот.

– Вчера имавме разговор со директорот на претпријатието и денеска излегоа со соопштение, рече Филипче.