На Британец извадени му се бубрези тешки 35 кг


Ворен Хигс (54) од Виндзор, Велика Британија, боледува од полицистични бубрези.

Се работи за наследна болест која предизвикува раст на цисти на бубрезите и може да доведе до застоја на нивната функција.

Хигс е опериран пред неколку месеци, а хирурзите наведуваат дека неговите бубрези биле со рекордна големина.

Имено, тежеле вкупно 35 кг, а хирурзите му ги извадиле двата бубрега.

Редовно тренира

Се верувало дека стариот рекорд е 7,4 кг, а тој бубрег бил изваден од пациент во индија.

Хугс, три месеци по операцијата се вратил на релативно нормален живот и велид ека се чувствува значително подобро.

„Можам да дишам, да јадам“, вели, но и понатаму се бори со рамнотежата.

Сепак, редовно оди во теретана и тренира, а планира да истрча и 10 км.