На Бјелогрлиќ ќе му се суди за напад на колега


Србија– Врховниот касационен суд одлучи на Драган Бјелогрлиќ да му се суди во Белград.

Актерот и режисерот на филмскиот хит „Тома“ ќе се брани од слобода: Реагирав на неговото дофрлање.

Актерот е осомничен дека го претепал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во холот на хотелот Амбасадор во Ниш.

Видеото од безбедносните камери на хотелот „Амбасадор“ покажува како Бјелогрлиќ му приоѓа на Антонијевиќ, кој седел на маса со уште неколку лица, и повеќе пати го удира по главата.

Основното јавно обвинителство Ниш поднесе обвинителен акт против Бјелогрлиќ за кривично дело насилничко однесување и побара затворска казна од шест месеци. Обвинението е поднесено на 26 ноември.

Бјелогрлиќ летово беше актуелен на  Сараево Филм фестивал каде неговиот филм за музичкиот великан Тома Здравковиќ кое го виде и Скопје го затвори регионалниот фестивал секогаш со ѕвезди од Холивуд.