На Белградскиот саем на книгата пред 50 години


 

Пред половина век, на Белградскиот саем на книгата, што тогаш се рангираше веднаш по Франкфуртскиот, се случи неочекувана грда и безобразна провокација од страна на Бугарија, која на својот државен штанд изложи повеќе антимакедонски дела. На самото место реагираа двајца македонски студенти кои изгазија дел од книгите, а дел ,,украдоа“ и ги понесоа со себе.

Тогаш ,,Млад борец“ првиот весник на македонски јазик и првата новинска жртва на македонската транзиција, го објави следниот текст. Тогаш од разбирливи причини беа прескококнати имињата на македонските студенти (Наум Пановски, сега режисер и Трајче Гаврилов кој заврши драматургија, но и атомска физика и кој најголем дел од работниот век го помина во Франција).  Ристо Лазаров