На Балканот доаѓа песочна бура од Сахара


Голем песочен облак од Сахара, кој викендов стигнува во Европа, во следната недела се очекува да стигне и до Македонија. Песокот од Сахара прво ќе стигне до Црна Гора и Хрватска, и потоа се очекува да ги зафати и другите земји од регионот. Песочната прашина од Сахара доаѓа во европските земји неколкупати во годината.

Сахарска прашина денес стигна до Португалија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Италија и Германија, а во текот на ноќта се очекува да стигне и до јужниот дел на Јадранот, а потоа и да го зафати целиот Балкан.