На Австралија и се заканува најсилната бура во последните 10 години, бранови до осум метри


Обилен дожд, силен ветер и бранови високи до осум метри се очекуваат во некои делови на Австралија, а лошите временски услови се резултат на судирот на тропскиот циклон Манга и студениот фронт, соопшти Бирото за метеорологија.

Официјалните лица тврдат дека ова е невреме што се случува еднаш на десет години, јави Би Би Си. Од населението е побарано да го осигураат имотот и да поврзат сè што можат.

Брзината на ветерот се очекува да достигне 100 км на час по должината на брегот со налети до 130 км на час, а во некои делови може да падне и до 100 мм дожд.

Невремето ќе продолжи и утре, пишува Би Би Си.