На аеродромот во Белград отворен Центар за тестирање на Ковид-19


 

На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, Србија, ортворен е Центар за тестирање на Ковид-19, кој работи 24 часа, а резултатите се готови за 60 до 120 минути.

Во овој центар може да се направат тестирања за антигени и ПЦР.

Овој центар е отворен со цел, патниците кои патуваат во земји каде не можат да влезат без потребен тест, тоа да го направат пред тргнувањето и да добијат резултати. Тие се праќаат на меил адреса на човекот кој се тестирал, а може да му послужат за преминување граница. Во центарот може да им бидат и испринтани. Резултатите се достапни дополнително само за надлежните институции.

На аеродормот можат да се тестираат како домашни, така и странски патници. Цената е иста како и во другите центри за тестирање низ Србија, од 3.500 за антигенски до 9.000 динари за ПЦР тест. Уплатата се врши пред доаѓањето на тестирање на Терминалот 1, а може и преку Пошти на Србија.

Регистрација за тестирањетро се врши на регистрациски пункт во близина на шалтерот за уплата или електронски преку е-управа.