Промоција на евровизиската „YOU“ во Дневникот 2 на МТВ

Според договорот на МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, ќе се случи на 8и март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видео спот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски јутуб канал (https://www.youtube.com/user/eurovision ) во точно 20:00 часот.

Промоцијата за новинарите (од затворен тип) ќе се случи истиот ден во 14 часот.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.