На 79 години почина Абдулах Сидран, сценаристот на „Се сеќаваш ли Доли Бел?“ и „Татко на службен пат“
Великанот на босанската литература и еден од најзначајните сценаристи во југословенската кинематографија Абдулах Сидран почина на 79 години.
Роден во Сараево во 1944, Сидран почнал да пишува проза и поезија во средина на 1970-тите, а до почетокот на војната во БиХ во 1992 беше водечки драматург во ТВ Босна и Херцеговина.
Академик Сидран беше и автор на сценаријата за култните филмови на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли Доли Бел?“ и „Татко на службен пат“, како и за филмовите „Кудуз“, „Празник во Сараево“, „Совршен круг“, „Солзите на мајките на Сребреница“, „и други.