На 27.000 работници во Србија им се заканува губење на работните места


Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС) денеска објави дека според нивни проценки – поради неизвесното работење и опстанокот на стратешките компании, постои извесна можност околу 27.000 работници во Србија да ги изгубат своите работни места.

„Со големо внимание и загриженост за иднината на работниците и граѓаните, ги следиме активностите на владата за решавање на проблемите на НИС, Нафтагас, Србија Зиѓин, Хестил и очекуваме итни и решителни мерки за отстранување на можните и очекуваните проблеми, како и предлог за стратешки решенија за да не се најдеме повторно во толку тешка и неизвесна ситуација“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Побарано е од Владата да предложи готов, транспарентен план, програми и ефикасни решенија за работната, економската и социјалната положба на работниците кои, како што е наведено, се изложени на ризик од отпуштање.

„Неизвесната иднина носи немир и вознемиреност кај работниците и граѓаните и ги враќа сеќавањата на некои не толку одамна времиња, особено затоа што постои одредена можност околу 27.000 работници да ги изгубат своите работни места“, се вели во соопштението на АСНС.