На 23 октомври Европарламентот ќе гласа за новиот состав на Еврокомисијата

Белгија – Европскиот Парламент ќе ги ислуша предложените нови комесари од 30 септември до 2 октомври, соопшти денеска на прес конференција претсетаелот на ЕП Давид Сасоли.

Тој додаде дека пратениците ќе гласаат за составот на новата Европска комисија на 23 октомври. Сасоли прецизира дека на денешната средба на претседателите на парламентарните групи било изразено несогласување со предлозите за некои од задачите на идните еврокомесари.

Следната недела раководството на ЕП ќе се сретне во Стразбур со новоизбраниот претсетедел на ЕК, Урсула фон дер Лајен за да се разгледа тоа прашање.